Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Д. Шешиќ, Милена

dragicevic sesic milena© Gabriel Glid

Милена Драгичевиќ Шешиќ, родена 1954 год. во Трогир, Хрватска е шеф на катедрата на Унеско за културна политика и културен менаџмент на Академијата за уметности Белград, каде што работи како професорка по културна политика, културен менаџмент, како и културни и новинарски студии. Од 2006 до 2007 год. била советничка на Министерството за култура на Република Србија. Освен тоа има работено како стручњак во разни меѓународни институциии, како на пр. за УНЕСКО, Советот на Европа, Европската фондација за култура, Институтот „Отворено општство“, ПроХелвеција и Британскиот совет.

Драгичевиќ Шешиќ е авторка на бројни книги и статии за културниот менаџмент, културната политика и меѓународните односи. Учествувала на повеќе од 50 проекти од областа на културната политика и културниот менаџмент во Југоисточна Европа, но и на членките на ЕУ и други земји од средна Европа, Кавказ и централна Азија и Индија.