Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Алаѓозовски, Роберт

alagjozovski robertРоберт, Алаѓозовски, роден 1973 год., завршил општа и компаративна книжевност во Скопје. Работел како уредник во различни македонски издавачки куќи и списанија. Од 2010 год. ја води сопствената издавачка куќа по име „Готен“ и работи како уредник за списанието „Сарајево Notebooks“. Алаѓозовски има преведено различни книжевни и научни дела, пред сѐ од англиски на македонски јазик (меѓу кои од: Томас де Квинси, Јудит Батлер, Гајатри К. Спивак  и Зигмунт Бауман), а има објавено и бројни критики, есеи и статии во различни списанија. Раскази и критики поместени се во неговите книги, објавени во различни издавачки куќи: „Florilegium“ (2002), „Des Postmodernismus beschuldigt“ (2003) и „Gro-Plan“ (2006). Во 2010 год. го објавува својот прв роман под наслов „Готен“.