Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Филипс, Каролин

philipps carolin by bluesparrow PR© bluesparrow PRКаролин Филипс е родена 1954 год. во Мепен/Емс. Професионалната историчарка во 1990 год. ја објавува својата прва книга за млади „Großvater und das Vierte Reich“,за германската неонацистичка сцена. Книгата оживеа огромен успех, беше преведена на повеќе јазици, доби бројни признанија и беше филмувана за телевизија. Оттогаш следуваат бројни книги за млади на теми за расизмот, експлоатацијата на деца, хомосексуалност, аутизмот, „сајбер-мобингот“ и сексуалната злоупотреба. За нејзиното дело таа е повеќе пати наградувана, меѓу другото за „Milchkaffee und Streuselkuchen“ со почесната награда на Унеско за мир и толеранција, за „Made in Vietnam“ со швајцарската „Bookstar“ и за „Wofür die Worte fehlen“ со наградата за литература за млади на Австрија за 2011 год. Каролин Филипс освен книги за млади пишува и историски биографии за возрасни. За „Luise – die Königin und ihre Geschwister“, којашто веднаш по објавувањето се најде на листата на бестселери на списанието „Шпигел“ за 2010 год., во 2011 год. се закити со наградата „Анализ Вагнер“.

Вебстраница