Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Глишиќ, Марија

glisic mariaМариа Глишиќ, родена 1981 година во Хановер (порасната на релација Хановер/Минхен-Белград), размислува и лута, додека најпосле не се одлучи за студии по германски јазик и книжевност на универзитетите Белград и Оснабрик. За време на и по студиите се занимаваше со (дидактичката) подготовка на особеностите на германско-јазичниот културен простор, особено во Србија, кое го сфаќа како лична задача. Кон тоа придоаѓа што од пред неколку години преведува дела со фокус врз политика, филозофија и (историја) на книжевност, како и општа историја („обработка на минатото“) од германски на српски јазик и обратно: за многу списанија, автори, интернет-портали во регионот (на пр. Пешчаник), како и за фестивалот на куса проза „Kikinda Short“. Од 2011 до 2012 година преведува за издавачката куќа Лагуна (започна со Даниел Глатауер), каде што беше објавен автобиографскиот роман на Уве Тим Am Beispiel meines Bruders. Од 2012 година нејзините преводи излегуваат пред сè во издавачката куќа Архипелаг, меѓу кои и романот Der einzige Mann auf dem Kontinent од Терезиа Мора и Superheldinnen од Барби Марковиќ. Нејзината главна професија е проект-менаџер (претходно во фондацијата Хајнрих Бел, а сега во Лендербахн ДОО). Нејзините пасии се следењето на актуелната политичка состојба и преведувањето белетристика.