Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Рем, Јоахим

roehm joachim by frank roeth© Frank RöthЈоахим Рем е роден 1947 год. во Штутгарт. Зод 1996 год. студира германистика во Тибинген и зема учество во студентското движење. Како подоцнежна последица од него оди во Албанија, каде што од 1977 до1980 год. работи во издавачка куќа а странска литература во Тирана и каде го усвојува албанскиот јазик и алатот за преведувач. Оттогаш интензивно се занимава со Албанците, нивната историја и култура, нивните обичаи, нивниот јазик, а пред сè нивната книжевност. По враќањето во Германија најпрвин за да преживее е принуден да си го заработува лебот во една фабрика, а покрај тоа изготвува преводи од албанската книжевност. Од 1990 год. е слободен преведувач. Јоахим Рем е добитник на наградата „Џејн Скетчерд“ на фондацијата „Хајнрих Марија Ледиг Роволт“ и на наградата за преведување „Јусуф Вриони“ на Република Албанија. Живее во Штутгарт, Минхен и Љубљана.