Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Меснер, Елена

messner elenaЕлена Меснер, родена 1983 го. во Клагенфурт, завршила компаративна книжевност и културолошки науки во Виена и Ексон Провонс, а моментално работи на универзитет во Виена на својата докторска дисертација за рецепцијата на постјугословенската воена проза во германско-јазичниот простор. Била редакциска соработничка во научниот интернет-проект „Kakanien revisited“. Елена Меснер е предавач во Виена, Инсбрук, Виена и беше координаторка на настапот на Србија како земја фокус на Саемот на книгата во Лајпциг во 2011 год. Таа е коосновачка на платформата „textfeld südost“, рецензентка на австриските нови изданија и преведувачка од словенечки и хрватски, како и српски јазик (има преведено книги од Борис Пахор, Алма Лазаревска и Срѓан Тешин и соработуваше на една антологија на српски и босански автори на стрипови.) Во 2010 год. заедно со Антонија Рахофер го издаде томот „Zwischen dort und hier. Acht Annäherungen an die zeitgenössische bosnische Prosa" (Инсбрук, Студиа), а во 2012 год. со Ева Шеркхубер ја објави и книгата кон книжевните виенски прошетки на звукот "Mit allen Wassern. Donaukanalisierungen (Виена, Сондерцал).