Печати

Хоркхајмер, Макс

horkheimer max© Jeremy J. ShapiroМакс Хоркхајмер е роден во 1895 год. во Цуфенхаузен/Штутгарт. По студиите по психологија и филозофија докторира во 1926 год. со еден труд за Кант. Во 1930 год. е именуван за редовен професор по социологија. Покрај Ерих Фром и Херберт Маркузе Хорхајмер припаѓа на коосновачите на Институтот за социолошки истражувања во Франкфурт на Мајна, чиј директор станува во 1931 год. Во 1933 год. емигрира и отвора ограноци на институтот, најпрвин во Женева, подоцна во Париз, а на крајот и на универзитетот „Колумбија“ во Њу Јорк. По враќањето во Франкфурт, одново го етаблира институтот во педесеттите години на минатиот век. Од 1951 до 1952 год. е ректор на универзитетот во Франкфурт. Почина во 1973 год.