Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Адорно, Теодер В.

adorno theodor© Jeremy J. ShapiroТеодор Визенгрунд Адорно е роден 1903 год. во Франфурт на Мајна. Завршил филозофија, социологија, психологија и теорија на музика и докторирал во 1924 год. на тема за феноменологијата на Хусерл. Во 1931 год. хабилитира со еден труд за Киркегард. До 1933 год. Адорно е приватен доцент во Франкфурт на Мајна, а потоа национал-социјалистите му ја одземаат дозволата за предавање. Во 1934 год. емигрира најпрво во Оксфорд, а во 1938 год. понатаму за САД, каде што станува официјален член на Институтот за социјални истражувања префрлен во Њу Јорк. Од 1942 год. живее во Калифорнија, каде што заедно со Макс Хоркхајмер работи на „Dialektik der Aufklärung“. Во 1949 год. Aдорно се враќа од американскиот егзил во Франкфурт и тука ја продолжува својата предавачка дејност. Покрај тоа настануваат бројни теоретски трудови. Во 1958 год. го презема водството на Институтот за социјални истражувања во Франкфурт на Мајна; покрај Макс Хоркјхајмер и Херберт Маркузе важи за главен претставник на Франкфуртската школа и критичката теорија. Теодор В. Адорно почина 1969 год, во Бриг (Швајцарија) од инфаркт.