Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Корбеа-Хоисие, Андреј

corbea-hoisie andrei

Андреј Цорбеа-Хишие е роден 1951 год. во Јаш (Романија). Тој е професор по германистика на универзитетот „Александру Јоан Куза“ во Јаш, а бил стипендист на фондацијата „Хумболт“ на универзитетот во Констанц и претседател на катедрата за истражување „Блез Паскал“ на фондацијата „Екол нормал суперор“ Париз. Како визитинг професор престојувал на универзитетите Париз, Зиген, Фрајбург, Букурешт и Виена, како и на „Екол пратиек дезо зетуд“ (Сорбона). Покрај тоа бил истражувач на меѓународниот истражувачки центар за културни науки во Виена. Тој е член на академијата за општокорисни науки во Ерфурт, добитник на наградата „Јохан Готфрид Хердер“ за 1998 год. и на наградата „Јакоб и Вилхелм Грим“ за 2000 год. во 2001 год. е назначен за почесен доктор на универзитетот во Констанц. Тој е член на претседателскиот одбор на меѓународното Здружение на германистите. Андреј Цорбеа-Хишие е автор на бројни трудови од областа на германската книжевност од ХIХ и ХХ век, теорија на книжевност, естетика и на историја на компаративна книжевност и култура.

Од 2005 до 2007 год. бил амбасадор на Романија во Република Австрија.