Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Илиќ, Саша

ilic sasaСаша Илиќ е роден 1972 год. во Јагодина/Србија. Во фебруари 2005 год. престојува во Литературниот колоквиум Берлин, а половина година подоцна излегува неговиот роман „ Berlinsko okno“ [„Берлинско окно“] во Белград во издавачката куќа „Фабрика књига“. Во 2000 год. тој веќе го привлече вниманието на себе со својата збирка раскази „Predosećanje građanskog rata“ [„Претчувствување на граѓанската војна“]. Тој е издавач на антологијата „Псечи век“[„Кучешки век“] со раскази од современи српски автори. Илич е коосновач и член на редакцијата на БЕТОН“, литературно-критичкиот прилог на независниот српски весник „Данас“, без кој повеќе не може да се замисли алтернативната културна сцена на Белград. Живее во Белград.