Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Јанковски, Владимир

jankovski vladimirВладимир Јанковски, роден 1977 во Скопје, завршил општа и компаративна книжевност. Моментално работи како проект менаџер во невладината организација „Контрапунт“, како уредник во издавачката куќа „Магор“ Скопје, и како книжевен преведувач. Од 2003 до 2007 год. работел како книжевен критичар за дневниот весник „Дневник“. Јанковски е активен и како писател. Досега има објавено повеќе фото-есеистички книги во соработка со македонскиот фотограф Иван Блажев, како и неговиот прв роман „Вечно сегашно време“.