Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Хајн, Кристоф

heinl christophКристоф Хајн е роден на 8. април 1944 год. Хајнцендорф/Шлезија. По завршувањето на војната семејството се преселува во Бад Дибен кај Лајпциг, каде што израснува Хајн. Во 1967 год. студира филозофија и логика на униврзитетот во Лајпциг и ги завршува студиите во 1971 год. на универзитетот „Хумболт“ во Берлин. Од 1974 до 1979 год. Хајн работи како домашен автор на Народниот театар во Берлин. Пробивот во книжевноста го прави со деби романот „Einladung zum Lever Bourgeoise“. Хајн е повеќекратно одликуван , меѓу другото 2008 год. ја добива наградата за книжевност „Валтер Хазенклевер“ на градот Ахен. Хајн е добитник на повеќе награди, меѓу последните и на наградата „Уве Џонсон“ (2012), меѓународната награда „Штефан Хајм“ (2013) и на книжевната награда „Гримелсхаузен“ (2017).