Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Блаѓковиќ, Ласло

blaskovic laslo by a polzovic© A. PolzovićЛасло Блашковиќ, роден 1966 год., е српски поет, романсиер, преведувач и есеист. Досега има објавено пет романи, од коишто четири се наградени: За „Svadnebi marš“ (1997) ја доби наградата за роман на годината на Друштвото на писателите на Војводина, за „Madonin nakit“(2003) наградата за фондот „Борислав Пекиќ“, за „Adamova jabučica“ (2005) наградата на Академијата за науки и уметности на Србија од фондот „Бранко Ќопиќ“ за најдобар роман на годината и за „Turnir grbavaca“ (2007) наградата „Стеван Сремац“ за најдобро прозно дело на годината. Неговите дела се преведени на бројни јазици. Блашковиќ живее во Нови Сад.