Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Дикова, Маргарита

dikova margaritaMaргарита Дикова е родена 1946 год. во Софија. По студиите по славистика работи како уредничка за популарно научни и документарни филмови. Од 1998 год. издава литература за пчеларство, за која преведува стручни текстови од повеќе јазици. Од српски јазик има преведено и друга книжевност, меѓу која и од авторите: Милан Матиќ, Бранислав Нушиќ и Ласло Блашковиќ.