Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кариќ, Енес

karic enes© Mirnes KovačЕнес Кариќ е роден 1958 год. во Вишњево кај Травник во Босна и Херцеговина. Студирал политички науки и исламистички науки во Сараево и докторирал на универзитетот во Белград. Денес Кариќ е професор на Факултетот за исламистички науки на униврзитетот во Сараево. Повеќекратно престојувал во странство за научни цели, меѓу другото, во Каиро, Јеил, Оксфорди Санта Барбара, и бил визитинг предавач на универзитетот „Карл Францен“ во Грац, на универзитетот во Љубљана и на униврзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен. Кариќ е издавач, односно член на научниот совет на повеќе меѓународни исламистички списанија беше назначен за Унеско-стручњак за исламистичка култура.

Од 1996 до 1998 год. Kариќ бил министер за образование, наука, култура и спорт на Босна и Херцеговина.

Има објавно бројни научни статии и монографии, но и преводи од арапски и англиски, како и два романи.