Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Левчев, Љубомир

levcev ljubomirЉубомир Левчев е роден 1935 год. во бугарскиот Тројан. Бил претседател на Сојузот на писателите на Бугарија, како и заменик министер за култура на Бугарија и работел како издавач на списанието за книжевност „Литературен фронт“. Левчев, кој има објавено преку дваесет збирки поезија, важи за еден од најистакнатите бугарски поети на средна и источна Европа. За своето дело Левчев исто така е добитник на повеќекратни меѓународни признанија, меѓу кои и на престижни книжевни награди во Франција и Русија. Тој е член на Европската академија за поезија.