Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Igrači

Поповиќ, Едо.

popovic_igraci

Аутсајдерот Борис е под сомнение дека учествувал во подготовката на еден напад на американската амбасада во Загреб. Младен Фоло, шефот на дубиозниот оддел за културен тероризам, новинарот на сензационалности Драгонер и полицискиот агент Мартозајо го вплеткуваат во една мрежа од политика, полиција и медиуми. Подоцна Мартозајо ќе биде пронајден мртов во тоалетот на една кафеана, ама полицијата не покажува никаков интерес за случајот. Фоло се запознава со стриптизетата Жана, која има едно писмо што ѝ го оставил Мартозајо. Тоа ја буди љубопитноста на Фоло, а неговите испитувања ќе го одведат длабоко во криминалното милје на Загреб ...

„Играчите" е анти-криминалистички роман за едно корумпирано општество, одбележан од возбудливиот и хуморескен наративен стил на Поповиќ. Но, реалноста сепак го довтасува романот: Најновите убиства на мафијата во Хрватска се одиграа токму според сценариото на „Играчите" .

Играчите (Igrači) излезе во превод на германски јазик од Алида Бремер во издание на Воланд & Квист, Дрезден.

Рецензии: Deutschlandradio, WeltOnline, Tagesspiegel i Kulturempfehlungen.