Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Graditelj

Јанчар, Драго.

162 jancarВо овој роман Драго Јанчар ја раскажува вистинската сторија на словенечкиот архитект Павел Арех како мит – митот за Дедал, кој за кралот Минос изградил лавиринт, за потоа самиот да биде фатен во својата творба. Арех во првите години на комунистичкиот режим во Југославија е принуден да изгради затвор за изолирање. Тој треба да има облик на секира со две сечила, за на луѓето да им ја демонстрира двосечилноста на политичката моќ, која истовремено гради и уништува. Кога за време на градбата се руши еден ѕид, властите го гледаат тоа како саботажа. Архитектот го стрпуваат во сопствената градба, а неколкумина од работниците ги обесуваат без судска постапка.

Романот „Graditelj“ [ „Градителот“] од Драго Јанчар излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Ганчо Савов под наслов „Градителят“ во издание на „Балкани 93“, Софија.