Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јанчар, Драго

jancar drago© PodzemnikДраго Јанчар, роден 1948 год. во Марибор, се вбројува во еден од најпознатите современи писатели на Словенија Завршил право, прво работел како новинар, за потоа целосно да се посвети на писателствувањето. Поради неговиот книжевен отпор против комунистичкиот режим во поранешна Југославија извесно време поминал во затвор. Драго Јанчар има објавено повеќе збирки раскази и романи, како и едни од најдобрите словенечки театарски пиеси, а освен тоа и збирки есеи и полемични текстови. За неговото дело е повеќекратно наградуван, меѓу другото со реномираната словенечка награда „Франце Прешерн“ (1993), Европската награда за куса проза (1994), наградата „Жан Амери„ за есеистика (2007) и „Prix Européen de Littérature“ за животно дело (2012).