Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Савов, Ганчо

savov ganchoГанчо Савов, роден 1930 год, во Перник, Бугарија, завршува славистика во Југославија и Чешкословачка и потоа работи како уредник за култура по различни списанија, како и научник на Институтот за естетика и на Институтот за балканистика на Академијата на науките на Бугарија (БАН). Во 1974 год. комунистичкиот режим го обвинува за велепредавство и „идеолошко отклонување“ и до 1985 год. е политички затвореник. До 1989 год. е општествено исклучен и за живот заработувал како обичен работник. Дури по социјалистичката револуција сосем се рехабилитира и повторно ја презема својата дејност како уредник и научник во Академијата на науките.  Денес е хонорарен професор на Катедрата за славистика на универзитетот во Велико Трново. Активен е како писател и има преведено бројни книги од различни јужнословенски јазици на бугарски – и обратно. За своето дело како писател и преведувач Ганчо Савов е повеќекратно наградуван.