Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Петриќ, Паола

petric paolaПаола Петриќ, родена 1975 год. во Белград, студирала гемански јазик и книжевност на универзитетот во Белград. За време на студиите завршила и едногодишна стручна надоградба на универзитетот во Хановер. Освен тоа ја завршила и дипломатската академија во Министерството за надворешни работи на Србија и Црна Гора. Работи како асистент по германски јазик и култура на универзитетот „Унион“ во Белград. Моментално работи како проект-координатор во фондацијата „Хајнрих Бел“. Од крајот на деведесетите Паола Петриќ преведува во нејзините главни области на интерес: политика, филозофија и историја на книжевност од германски на српски јазик. Преведувала за фестивалот на куса проза „Кикинда Шорт“, списанијата „Поља“ и „Северни бункер“, како и за интерент порталот „Пешчаник“. Од 2010 год. соработува со издавачката куќа „Карпош“, каде што во 2011 год. излезе нејзиниот превод на „Gib ihm Sprache“ (Ханс Јоахим Шедлих).