Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Нишков Виорица

niscov vioricaВиорица Nишков, родена 1936 год., завршила германистика во Букурешт. Од 1962 до 1998 год. била соработничка на Институтот за историја и наука за книжевноста на Академијата на Романија, од 1970 до 1971 год. била стипендистка на фондацијата „Хумболт“. Во фокусот на нејзиниот научен интерес се наоѓаат германскиот романтизам и романската народна приказна. Од 2007 год. е член на Друштвото на писателите на Романија. Виорица Нишков има да понуди бројни публикации, од трудови до монографии, едиции и библиографии до преводи (Новалис, Рикарда Хук, Енст Јингер, К.Г. Јунг, Мартин Валзер, Гершом Шолер и др.) Нејзиното дело е повеќекратно наградувано: во 2008 год е добитник на наградата на списанието „Поезис“ за најдобро издание на годината. Исто така во 2008 год. наградата за превод на фондацијата за култура „Алијанса“ и во 2011 год. наградата на Здружението на издавачите на Романија за најдобар превод на годината.