Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Max Weber zur Einführung

Хајнс, Фолкер.

heins maxMакс Вебер до ден денес е еден од најважните потсетници и инспирација во бројни дициплини на општествените и културните науки. Фолкер Хајнс нуди добро читлив вовед во целокупното дело на Вебер. На преден план стојат споредбените цивилизациски анализи на основачот на социологијата во Германија, како и неговата резолутна одбрана на модерната западна држава. Вебер насетуваше дека ерозијата на државните управнички структури ќе донесе многу поголема неволја, отколку што е самата држава.

„Max Weber zur Einführung“ [„Вовед во Макс Вебер“] од Фолкер Хајнс излезе на српски јазик (извадок) во превод на Aлександра Костиќ под наслов „Uvod u Maksa Vebera“ во издание на  „Библиотека XX век’“, Белград.