Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Котеска, Jасна

koteska jasna
© Milan Strezovski
Jасна Котеска, родена 1970 год. во Скопје, професорка по книжевност, теоретска психоанализа и родови студии на Филолошкиот факултет во Скопје. Кон нејзините публикации се вбројуваат повеќе од 200 прилози во списанија во земјата и странство и повеќе научни дела, меѓу кои „Постмодернистички литературни студии“, „Македонско женско писмо“ , „Санитарна енигма“ и „Комунистичка интима“. Нејзините теоретски текстови се преведени на словенечки, бугарски, англиски, германски, унгарски, словачки, српски, албански, турски, грчки, романски јазик итн.