Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Дебељак, Алеш

debeljak ales© Miha FrasАлеш Дебељак, роден 1961 год., завршил филозофија и компаристика во Љубљана и докторирал на школата „Максвел“ на универзитетот „Сиракуза“ во Њу Јорк. Тој е професор по културолошки студии на Факултетот за општествени науки на универзитетот во Љубљана и редовен визитинг професор по балкански истражувања на „Колеџ оф Јуроп“ во Варшава. 2005/2006 год. бил визитинг професор на „Нортвестерн Јуниверзити“ во Чикаго. Алеш Дебељак се вбројува во еден од најпреведуваните словенечки поети на совремието. Неговиот опус опфаќа бројни збирки поезија и есеи, како и антологии и преводи. Добитник е на повеќе словенечки, југословенски и меѓународни награди, меѓу кои и наградата „Прешерн“, највисокото културно одликување во Словенија.