Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Круезиу, Наим

kryeziu naimНаим Круезиу, роден 1964 год. во Рогочице (Косово), завршил германистика и албанологија на универзитетот во Приштина и последипломски студии од областа на книжевноста. Во 2006 год. со трудот на тема „Песните на Хајнрих Хајне во препев на албански јазик“ се здобива со магистерска титула, а со трудот „Книжевното дело на Хајнрих Хајне и неговата рецепција кај Албанците“ и со докторската титула во 2012 год. Наим Круезиу живее и работи во Мелин, Швајцарија. Покрај научни текстови има објавено и книжевни преводи од албански на германски и обратно. Кон неговите преводи се вбројуваат дела од: Сали Башота, Агим Винца и Фридрих Диренмат.