Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Глишовиќ, Лилјана

glisovic ljiljanaЛилјана Глишовиќ, родена 1952 год. во Загреб, студирала германски јазик и книжевност на Филолошкиот Факултет Белград и на секцијата за германистика на универзитетот „Хумболт“ во Берлин. Таа се занимава со известување по германските медиуми. Во 2010 год. докторира на тема „Јазик, медиуми и политика: Третманот на Србија во германскиот печат пред и по пресвртот во октомври 2000 год.“ Од 1994 год. е доцент по германски јазик на факултетот за политички науки на универзитетот во Белград. Од германски јазик ги има преведено: „Risikogesellschaft: Auf dem Weg in eine andere Moderne (Улрих Бек), Auf meinen Spuren. Das Entdecken der eigenen Lebensgeschichte“ (Херберт Гудјонс, Маријане Пипер и Биргит Вагенер), „Kleine deutsche Geschichte (Дирлмаер, Улд и др., заедно со Олја Дурбаба, Јелена Танасковиќ, Часлав Копривица, Живота Ивановиќ и Зоран Јовановиќ) „Weltrisikogesellschaft. Auf der Suche nach der verlorenen Sicherheit “(Улрих Бек) и „Mein guter Vater“ (Беате Ниман).