Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бек, Улрих

beck ulrichУлрих Бек, роден 1944 год. во Столп во Задна Померанија, студирал социологија, филозофија, психологија и политички науки во Минхен, каде што во 1972 год. и докторирал. По седум години хабилитира по предметот социологија. Неговиот главен научен интерес се основите на трансформацијата на модерните општества, особено во знакот на глобализацијата. Се занимава со теоретските, емпириските и методолошките прашања, кои произлегуваат од тоа, како и со последиците и ризиците од оваа промена во економијата, политиката, културата и мас-медиумите. Од 1980 год. Бек е издавач на списанието „Социале велт“. Добитник е на повеќе почесни докторски титули на разни европски универзитети и на бројни одликувања.