Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Валјаревиќ, Срѓан

valjarevic srdjanСрѓан Валјаревиќ, роден 1967 год. во Белград, од почетокот на 90-тите се вбројува во еден од најеминентните млади автори во Србија. Во 1998 год. беше стипендист на фондацијата „Рокфелер“ во италијанското Белаџо. Неговата збирка поезија „Džo Frejzer i 49 pesama“ (1992) доживува повеќе реизданија и е преведена на англиски, француски и шведски јазик. За дневникот „Dnevnik druge zime“ во 2006 год. ја добива книжевната награда на Здружението на писателите на Србија. Неговиот роман „Komo“ излезе на хрватски, германски, француски, италијански и албански јазик и беше одликуван со грантот на Банк Австрија „Литерарис“ , како и со „При де Лектур ду вар“.