Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Попов, Христо

popov hristoХристо Попов, роден 1940 год. во Дебнево (Бугарија), завршил словенска филологија во Софија. Работел како уредник во Бугарското национално радио. Од 2003 до 2005 год. бил главен секретар на Здружението на преведувачите на Бугарија. Христо Попов е редакциски член на списанието за странска книжевност и преведувачка уметност „Панорама“. Тој прави препеви на поезија од словенските јазици на бугарски јазик. Меѓу другото има преведено песни од: Миодраг Павловиќ, Љубомир Симовиќ, Борислав Радовиќ, Милутин Петровиќ, Душко Новаковиќ, Владимир Копицл, Радмила Лазиќ, Новица Тадиќ, Васа Павковиќ, Милован Марчетиќ, Гордана Чирјаниќ, Снежана Миниќ и Гојко Божовиќ. Во негов избор и препев излезе бугарското издание на „Nebeski pansion“ со песни од босанско-херцеговскиот поет Миле Стојиќ.