Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Стојиќ, Хана

stojic hanaХана Стојиќ, родена 1982 год. во Сараево, студирала на Факултетот за транслатологија на универзитетот во Виена. Таа е коиздавач на публикациите „Izgubljena mjesta“ и „Žene u Bosni i Hercegovini“ за Гете Институтот во Босна и Херцеговина. Во 2010 год. го иницира и организира првиот настап на Босна и Херцеговина на Саемот на книгата во Лајпциг. На босански јазик ги има преведено Елфриде Јелинек ( „Liebhaberinnen“) и Саша Станишиќ („Wie der Soldat das Grammofon repariert“). На германски јазик неодамна излезе нејзиниот препев на избор поезија „Abzeichen aus Fleisch“ од Фарух Шехиќ. Признанија: премија за превод од Службата на сојузниот канцелар за преводот на „Liebhaberinnen“ (2006), грантот "Фарах Тахирбеговиќ" за млади актери во културата во Босна и Херцеговина (2010). Од 2014 година Хана Стојиќ го води проектот ТРАДУКИ.