Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Фиданчева, Ива

fidanceva_iva

Ива Фиданчева, родена 1978 год. во Скопје, завршила германистика во Скопје и Марбург. Од 2002 до 2008 год. работела како научен соработник на M&M Колеџ и на ФОН универзитетот во Скопје. Во 2007 год. е добитник на стипендијата „Schritte“ во Литературниот колоквиум Берлин. Од 2008 год. е стипендист на школата за докторанти „Laboratorium Aufklärung" на универзитетот „Фридрих Шилер“ во Јена. Ива Фиданчева преведува од германски на македонски јазик и обратно. Во 2006 год. Здружението на книжевните преведувачи нејзиниот превод на книгата „Das Glasperlenspiel“ од Херман Хесе го прогласи за најдобар превод од германски на македонски јазик. Покрај Херман Хесе има преведено дела од Гинтер Грас, Готлоб Фреге, Зигмунд Фројд, Бернахрд Шлинк, Петар Шлинк, Петар Штам, Сибиле Берг и др.