Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Меѓународна работилница за преведување Милхајм

.

logo_muelheim
МТИ (Меѓународниот театарски институт) во соработка со фестивалот од Милхајм "Stücke" од 16. до 31. мај 2009 год. повторно кани преведувачи на драмски текстови од германски јазик на работна средба во Милхајм.

Целта на работилницата е поддршка на новата германска драма и на нејзиниот пристап до странските театри преку преведување. Во центарот на вниманието се наоѓа конкретната работа на преведувачите врз избрани текстови, потпомогната од живата размена на искуства со колегите и авторите. Актуелните текстови на современите германски автори не се доживуваат само како литература, туку благодарение на фестивалот, и како еден вид театарска реализација. На тој начин настануваат импулси за нивно преведување и подоцнежна изведба во татковината на преведувачот.

Притоа ќе бидат организирани и придружни дискусии, кои треба да придонесат за подобро разбирање на културното и политичкото опкружување на драмите и воопшто на современиот германски театар.Тоа се отворените дискусии со публиката по изведбите, како и особените рунди разговори со авторите, со членовите на жирито од Деновите на театарот, со критичарите, со новинарите, со политичарите од областа на културата и со издавачите.

Поканата за пријавување се однесува на професионалните преведувачи на драмски текстови од целиот свет, коишто преведуваат од германски на својот мајчин јазик и кои тесно соработуваат со театрите во сопствената земја.
Ќе бидат поканети до 14 преведувачи од различни националности, при што може да се има предвид само по еден преведувач од јазикот-цел.

Работен јазик: германски јазик
Водач на работилницата: Андреа Загорски
Водач на семинарот: Хајнц Шварцингер

Учеството на работилницата е бесплатно. Организаторите ги сносат трошоците за престојот (сместувањето, дневниците) и посетите на претставите. Молба за преземање на патничките трошоци може да се поднесе или во националните МТИ-центри или во други институции и фондации. Организаторот само во исклучителни случаи може да ги сноси трошоците за патувањето.
Ве молиме Вашата апликација заедно со Вашата биографија и податоците за професионалното искуство најдоцна до 31.01.2009 год, да ги испратите до Центарот на Сојузна Република Германија на Меѓународниот театарски институт.

Меѓународен театарски институт Центар Сојузна Република Германија
Госпоѓа Андреа Загорски
Поштенски фах 41 11 28
12121 Берлин
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d