Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Vandalismus. Gewalt gegen Kultur

Демандт, Александар.

demandt_vandalizam

Уривање или заштита на спомениците? За вистинскиот однос спрема несаканата историја. Односот спрема сведоштвата на минатото постојано води до отворени расправи. Спорот за уривањето на берлинската ,,Палата на републиката" седиштето на некогашната Народна комора на ГДР, е само еден од небројните актуелни примери. Заштитниците на спомениците и урбанистите не се единствените кои секојдневно се наоѓаат пред дилемата дали сè не може - или не се сака - да се зачува. И обратно сè не може да се отстрани, само затоа што повеќе не му соодветствува на духот на времето. Но, кои се мерилата според кои одлучуваме како ќе се однесуваме со сопствените и туѓите културни добра? И како да ја избалансираме загубата на неповратните сведоштва наспрема предизвиците на модерната или човечкиот стремеж за симболично уништување, токму во преодни времиња? Со својата најнова книга Александар Демант за прв пат прави опсежен приказ на еден феномен, кој досега или бил третиран во исклучителни случаи или само во одредени секвенци: вандализмот, сфатен како злосторство против културата. Него не го интересира пубертетскиот вандализам како графите на младите или психопатскиот вандализам, обелоденет во напади на познати слики. Негова тема истовремено се официјалниот престап на културата заедно со војната, револуцијата и модернизацијата, вандализам, чија цел, најчесто свесно, е бришење на предметните симболи од нашето сеќавање. Преку фулминантниот културно-историски преглед од антиката до сегашноста Демант ги опишува најдалекусежните, најневообичаените и понекогаш одамна заборавените чинови на разорување на културата: затегајќи го лакот од Стариот Ориент, Грција и Рим (културен престап како варваризам) преку Византија и европското средновековие, реформацијата (уништување слики при верска борба), ренесансата и француската револуција, па сè до нашиот век (уништување на културата во име на напредокот).

Вандализам. Насилство против културата излезе во превод на хрватски јазик од Никица Петрак под наслов "Vandalizam. Nasilje nad kulturom" во издание на Izdanja Antibarbarus, Загреб.