Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Пролетна седница на мрежата ТРАДУКИ во Вадуз

693 vaduz

Од 14. до 16. мај во Лихтенштајн се сретнаа претставници и претставнички од 11 земји на полугодишната седница на мрежата ТРАДУКИ, за да одлучат за поддршката на понатамошни преводи и проекти. Работните седници се оддржуваат на секои шест месеци во една од земјите членки – па така овој пат изборот падна на Вадуз, којшто присутните ги восхити со уметничката кулиса на планински врвови покриени со снег.

Печати

Гостување на Азем Делиу на Крокодил во Белград

690 deluРезиденцијалната програма на белградското здружение Крокодил има една традиција за почит: Како осумдесетти гостин во март 2019 година во рамките на  Reading Balkans во српскиот главен град престојуваше младиот косовски писател Азем Делиу. Делиу, кој важи за мега-ѕвезда на албанско-јазичната книжевна сцена, имаше прилика да ги продлабочи своите постоечки контакти со српските колеги и да оствари нови.  

Печати

Prishtina has no river: Иван Шопов како Writer in Residence во главниот град на Косово

689 sopovПо покана на Ќендра Мултимедиа македонскиот писател Иван Шопов го помина месец март 2019 година како стипендист на резиденција во рамките Reading Balkans во Приштина. Времето таму особено го искористи за работа на неговиот прв роман.

Печати

КОВАЧИ НА ДЕБАТИ. САРАЕВО 1945 – 1992 – 2019

692 debattenschmiedeВо театарот Виена Валтер Фамлер вечерта на 29. април поразговара со преведувачката и авторка Маша Дабиќ и со босанско-херцеговачкиот писател Дамир Oвчина. „КОВАЧИ НА ДЕБАТИ. Сараево 1945 – 1992 – 2019“, која се одржа во сеќавање на починатиот автор на стрипови Ахмет Муминовиќ, привлече бројна публика.

Печати

ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Лајпциг 2019 година

leipziger buchmesse 2019

Овогодишниот саем на книгата во Лајпциг почна на 21. март со една многу особена вест: Ева Рут Веме беше одликувана со Наградата за најдобар превод на Саемот на книгата во Лајпциг за нејзиниот превод на Verlorener Morgen од Габриела Адамештеану. Од сесрце ѝ честитаме за овој успех!