Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Конкурс: Actors of Urban Change

231 boschВо соработка со здружението „MитОст“фондацијата „Роберт Бош“  ја стартуваше програмата "Actors of Urban Change". Целта на програмата е долготраен и партиципативен развој на градот преку културата. Тоа треба да се постигне со засилување на компетенциите за меѓусекторска соработка на актерите на културата сцена, администрацијата и економијата.

Печати

Конкурс: Истражувачки престој во Меѓународната библиотека за млади Минхен

229 muenchenМинистерството за надворешни работи на Република Германија и за 2014 год. распишува до дванаесет стипендии за истражувачки престои Меѓународната библиотека за млади во Минхен. Може да се пријават сите специјалисти за литература за деца и млади, кои не се германски државјани – во принцип конкурсот не опфаќа издавачи, автори, илустратори, воспитувачи, универзитетски доценти и студенти, кои работат на некоја тема со литература за деца и млади, освен ако работат на докторска дисертација.

Печати

Конкурс: Резиденцијална програма „Марко Марулиќ“ во Сплит 2014 год.

171 splitЗдружението KУРС ги поканува европските писатели и преведувачи на нов конкурс за годината 2014 да се пријават за резиденцијална програма „Марко Марулиќ“ во Сплит. Избраните стипендисти добиваат можност да живеат и работат во Сплит, на лице место да ја запознаат културната сцена и да ѝ се претстават на хрватската публика. Резиденцијалната програма „Марко Марулиќ“ стартуваше пролетта 2010 год. со финансиска поддршка на ТРАДУКИ. Понатамошни партнери на проектот се Министерството за култура на Република Хрватска, Градот Сплит и Жупанијата Сплит-Далмација. Рокот за пријавување: 15. декември 2013 год.

Печати

Конкурс: ТРАДУКИ-Резиденцијална програма во Лихтенштајн

222 liechtensteinВо соработка со ТРАДУКИ Министерството за култура од Лихтенштајн распиша стипендија за престој во Вадуз. За неа може да се пријават писатели од југоисточна Европа. Целта на резиденцијалната програма е збогатување на литературната сцена во Вадуз со гости од Југоисточна Европа и овие нови гласови да ѝ ги претстави на публиката во Лихтенштајн. Стипендистите ќе имаат прилика да ја запознаат литературната и културната сцена во Лихтенштајн и да стапат во контакт со издавачите, критичарите и преведувачите. Рокот за пријавување е 31. август 2013.

Печати

Конкурс: Премии за превод на австриска книжевност

132 bmukКако и секоја година Сојузното министерство за настава, уметност и култура на Австрија (БМУКК) повторно доделува премии за особено успешни преводи на австриска белетристичка книжевност. Доделувањето на премиите следува на предлог од Советот за преведување. Може да се доставуваат публикации од последните пет години. Рокот за пријавување е 31. јули 2013 год.