Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Доделени стипендиите „Шрите“ за 2015 година

berlin uebersetzerwerkstattОд 2007 година фондацијата С. Фишер ја доделува стипендијата „Шрите“, која овозможува едномесечен работен престој во Литературниот колоквиум Берлин (LCB), на преведувачи на книжевност од германско јазичното подрачје од земјите на Југоисточна Европа и Турција.

Печати

Промена на сцените

329 szenenwechselСо Промена на сцените фондацијата Роберт Бош и Меѓународниот театарски институт Центар Германија ја потпомагаат меѓународната соработка во рамките на сценските уметности со партнери од Источна Европа и Северна Африка. Во фокусот на програмата е поддршка на разработка и нов развој на еден заеднички проект во временски период до две години.

Печати

Меѓународна книжевна награда "Куќа на културите на светот"

328 hkwПо седми пат Куќата на културите на светот (Берлин) и фондацијата Елементарни честици (Хамбург) ја доделуваат меѓународната книжевна награда "Куќа на културите на светот". Оваа награда од 2009 година се доделува еднаш годишно на некој извонреден наслов од меѓународните наративни и современи книжевности и неговиот прв превод на германски јазик. Заинтересираните издавачки куќи можат да приложуваат наслови до 31. јануари 2015 година.

Печати

Книжевна стипендија " Писател/ка на градот Грац 2015/2016"

184 grazГрадот Грац повторно ја распиша едногодишната книжевна стипендија „Писател/ка на градот Грац“ за периодот од 1. септември 2015 до 31. август 2016 година. Доделувањето на стипендијата вклучува и бесплатен стан на Шлосберг во Грац, како и месечна помош од 1.100 евра.

Печати

Стипендии „Пол Целан“ за 2015/2016 година во Виена

325 paul celan ausschreibungИнститутот за хуманистички науки (IWM) одново распиша стипендии Пол Целан за преведувачи. Програмата поддржува превод на канонски текстови и современи клучни дела од областа на општествените, социолошките и културолошките науки од еден источноевропски на некој западноевропски јазик и обратно. Рокот за пријавување за стипендиски престој во Виена од три до шест месеци е 28. февруари 2014 година.