Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

„Reading Balkans“ во Скопје: Резиденцијална стипендистка Леља Каламујиќ се претстави на бројни манифестации

636 lejla kalamuricЗа време на нејзиниот резиденцијален престој во Скопје босанско-херцеговската писателка Леља Каламујиќ, која во мај во рамките на „Reading Balkans“ гостуваше во станот за автори на издавачката куќа Готен, учествуваше на бројни книжевни манифестации.

Печати

„Поети на улица“ во Копер: Ахмед Буриќ како резиденцијален стипендист во Словенија

635 buricВо рамките на „Reading Balkans“ босанско-херцеговскиот писател Ахмед Буриќ во мај беше гостин на издавачката куќа Гога и како Writer-in-Residence престојуваше во Ново Место. Таму работеше на својот нов роман, со музичари на лице место снимаше музички парчиња за неговата поезија, а на 31. мај во разговор со Јелка Цигленечки им се претстави на словенечките читатели себе си и своето дело.

Печати

Reading Balkans: Живко Гроздановски во Сараево

634 grozdanoskiМладиот македонски писател и книжевен преведувач Живко Гроздановски, кој во мај гостуваше во Сараево како Writer-in-Residence, на книжевната вечер на 31. мај извести за една невообичаена средба: Во херцеговското место Чемерно при едно истражувачко патување за својот нов ракопис, тој наиде на својот лик од сопствениот роман: еден инжињер, кој работи на градбата на тамошниот тунел и го носи истото име, кое му го даде Живко Гроздановски во својот роман.

Печати

Драган Бурсаќ во Белград: за слободата на печатот и смртните закани

633 dragan bursacКолумнистот Драган Бурсаќ од Бања Лука во мај живееше во станот за автори во Белград на здружението КРОКОДИЛ. Во рамките на програмата „Reading Balkans“, поддржана од ЕУ, тој еден месец како Writer-in-Residence се нурна во секојдневието на српскиот главен град, собра бројни впечатоци и зборуваше за неговиот живот како истражувачки новинар.

Печати

Reading Balkans: Огнен Спахиќ го промовира својот нов роман „Калипсо“ во Сплит

632 ognjen spahic kleinВо рамките на резиденцијалната програма „Reading Balkans“, поддржана од ЕУ, здружението КУРС во мај му посака добредојде на црногорскиот писател Огњен Спахиќ како Writer-in-Residence во Сплит. Еден месец авторот-гостин ја запознаваше книжевната сцена на лице место. На Медитеранскиот фестивл на книгата, кој од 16. до 20. мај се одржа втор пат по ред, во разговор со Круно Локотар и писателот Небојша Лујановиќ на публиката најпрвин ѝ го претстави својот неодамна објавен роман Calypso.