Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Гостување на белградскиот писател Мирослав Чурчиќ во „Tirana in Between“

614 miroslav curcicКако прв гостин на овогодишната резиденцијална програма „Tirana in Between“ во март во албанскиот главен град престојуваше белградскиот писател Mирослав Чурчиќ. За време на својот престој тој учествуваше во културниот живот на Тирана, отпатува во повеќе градови и оствари контакти со преведувачи и уметници на лице место. Своите впечатоци ги запиша во своите патеписи и книгата со фотографии.

Печати

Artists-in-Residence: Селма Куловиќ моментално стипендистка на виенскиот четврт на музеи

616 kulovicВо рамките на програмата Artists-in-Residence австриското Сојузно минситерство за Европа, интеграција и надворешни работи (BMEIA) и оваа година овозможува низа резиденцијални престои за писатели од просторот на Југоисточна Европа. Како прва авторка-гостинка во моментов во станот во виенскиот четврт на музеите престојува босанско-херцеговачката писателка Селма Куловиќ. Останатите автори оваа година се: Eрвина Халили, Лилиана Малетин, Мухарем Баждуљ, Андреј Николаидис и Александра Михајловиќ.

Печати

Годишнина на ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Лајпциг 2018

608 leipziger buchmesseПред точно десет години во Лајпциг стартуваше европската книжевна мрежа ТРАДУКИ. За да се прослави тоа, во преполното кафуле Европа на Саемот на книгата Лајпциг на 16. март годишнината ја честитаа државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи, Михаел Рот, албанската министерка за култура Мирела Кумбаро-Фуркси и австрискиот писател Кристоф Рансмајер. „Традуки укажува на тоа како со помош на поврзувачката сила на книжевноста можеме да ја засилиме европската идеја и да обезбедиме нови пристапи кон културата на нашите соседни земји.“, истакна Михаел Рот во неговиот свечен говор. Како преставничка на нејзините колеги од другите земји учеснички во мрежата Мирела Кумбаро-Фуркси впечативо нагласи дека Традукистан е големо семејство на една тркалезна маса. Авторот Кристоф Рансмајер кој многу патува на ТРАДУКИ му подари еден текст за спомен под наслов Verriegelte Orte, luftige Räume.

Печати

Виена: впечатлива книжевна вечер „Светлина зад невидливиот град“

605 elona culiqНа 19. февруари поетесата Eлона Кулиќ од Албанија и австриската авторка Aндреа Грил во Виена ги восхитија посетителите на книжевната вечер „Светлина зад невидливиот град“. Пред полна сала двете гостинки во многу пријатна атмосфера и со перформативни елементи прочитааа делови од нивните писма меѓу Скадар и Виена и избор од нивните песни. А за време на паузите Мари Орсини-Роенберг свиреше на виолончело.