Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Гостување на Томас Фрам во Куќата за книжевницу и преведувачи Софија

678 frahmКуќата за книжевници и преведувачи на фондацијата Next Page во декември го поздрави германскиот автор и преведувач Томас Фрам како стипендист во резиденцијалната програма во Софија поддржана од ТРАДУКИ. За време на неговиот четиринеделен престој таму се посвети на преводот на вториот том од делото на Милена Кирова за историјата на бугарската книжевност. Покрај тоа, својата посета ја искористи и за да оствари нови контакти со писатели и преведувачи.

Печати

Почесна програма „Четири земји – еден јазик“ во Софија

676 sofiaВо рамките на 46. Меѓународен саем на книгата и 6. Меѓународен книжевен фестивал во Софија ТРАДУКИ заедно со понатамошни партнери го поддржа настапот „Четири земји – еден јазик“. Под ова мото почесната програма на фестивалот од 11. до 16. декември беше посветена на германско-јазичната книжевност, со гости од Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Печати

„Verlorener Morgen“ е „Книга на месецот на Ö1“

675 verlorener morgenРоманот кој со поддршка на ТРАДУКИ за прв пат беше преведен на германски јазик „Verlorener Morgen“ од Габриела Адаместеану беше избрана за " Книга на месецот на Ö1". Во списанието за книжевност „Ex libris“ на австрискиот јавен радио-телевизиски канал Ö1 претходно се зборуваше за романот преведен од Ева Рут Веме.

Печати

Бугарија го потпиша договорот за пристап кон книжевната мрежа ТРАДУКИ

670 beitritt bulgarienСо срдечна поздравна реч директорката на фондацијата С. Фишер, Антје Конциус, на 14. декември го поздрави пристапот на Бугарија кон книжевната мрежа ТРАДУКИ.  Во рамките на свеченостите по повод десетгодишнината од постоењето на ТРАДУКИ во Софија заедно со заменичката Министер за култура Амелиа Гешева во Мермерното фоаје на Националната палата на културата го потпишаа рамковниот договор. Срдечно добредојде, Бугарија!