Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

КОВАЧИ НА ДЕБАТИ. САРАЕВО 1945 – 1992 – 2019

692 debattenschmiedeВо театарот Виена Валтер Фамлер вечерта на 29. април поразговара со преведувачката и авторка Маша Дабиќ и со босанско-херцеговачкиот писател Дамир Oвчина. „КОВАЧИ НА ДЕБАТИ. Сараево 1945 – 1992 – 2019“, која се одржа во сеќавање на починатиот автор на стрипови Ахмет Муминовиќ, привлече бројна публика.

Печати

ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Лајпциг 2019 година

leipziger buchmesse 2019

Овогодишниот саем на книгата во Лајпциг почна на 21. март со една многу особена вест: Ева Рут Веме беше одликувана со Наградата за најдобар превод на Саемот на книгата во Лајпциг за нејзиниот превод на Verlorener Morgen од Габриела Адамештеану. Од сесрце ѝ честитаме за овој успех!

Печати

Дино Пешут како Artist in Residence во Виена

683 pesut dinoВо февруари и март 2019 година хрватскиот писател Дино Пешут гостуваше во резиденцијалната програма на КултурКонтакт Австрија во соработка со ТРАДУКИ, и престојуваше во Виена, каде што времето особено го искористи за истражувања на неговите нови дела, но оствари и јавни настапи.

Печати

Уште еден превод поддржан од ТРАДУКИ „Книга на месецот на Ö1“: „Die Reparatur der Welt“

684 snajderОткако во јануари 2019 година романот „Verlorener Morgen“ на Ева Адамештеану во превод на Ева Рут Веме беше избран за „Книга на месецот на Ö1“, ова одликување повторно го доби еден превод на германски јазик поддржан од ТРАДУКИ: „Die Reparatur der Welt“ од хрватскиот писател Слободан Шнајдер во превод на Мирјана и Клаус Витман.

Печати

10 година ТРАДУКИ во Словенија: Книжевна вечер со Слободан Шнајдер

671 snajderИ во Љубљана ТРАДУКИ ја прослави својата десетгодишнина и по тој повод го покани хрватскиот автор Слободан Шнајдер на авторски разговор. Неговиот роман Doba mjedi, кој наскоро ќе биде објавен и на германски јазик, неодамна излезе на словенечки јазик. Слободан Шнајдер најпрвин им го претстави своето дело оваа вечер на читателите во соседната Словенија. Преведувачката и актерка Соња Поланк читаше извадоци од нејзиниот превод на романот од Шнајдер. По разговорот, којшто го водеше Роберт Бобниќ од издавачката куќа Заложба ВБЗ со гостинот ТРАДУКИ и Словенечката агенција за книги ЈАК – која 2018 година исто така ја прослави десетгодишнината од своето постоење – на Get-Together.