Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Reading Balkans: Габриела Бабник во Скопје

657 babnikВо август словенечката авторка Габриела Бабник како резиденцијална стипендистка отпатува четири недели за Скопје, каде што издавачката куќа Готен ја поздрави во рамките на Reading Balkans. Нејзиниот престој таа особено го посвети на завршување на својот нов роман, во кој се занимава со револуционерните настани во Буркина Фасо.

Печати

Tirana In Between: Барбара Корун на средба со албанските поетеси

653 korun barbaraВо јули словенечката поетеса Барбара Корун во рамките на резиденцијалната програма „ПОЕТЕКА – Tirana In Between“ поддржана од ТРАДУКИ гостуваше во албанскиот главен град. За време на својот престој таа се сретна со албанските поетеси, меѓу другото, и за да иницира еден проект за размена, во кој меѓусебно се посетуваат и препејуваат албански и словенечки поетеси.

Печати

Фестивал на светската книжевност во Загреб и Сплит

652 frakturaОд 2.-8. септември хрватската издавачка куќа Фрактура покани на шестото издание на Фестивалот на светска книжевност. Книжевниот и културен настан поддржан од ТРАДУКИ со манифестации во Загреб и Сплит од година во година привлекува повеќе посетители – повеќе од 6500 луѓе учествуваа на разнобразната програма од книжевни разговори, подиумски дискусии, филмски проекции и уметнички изложби.

Печати

Марко Божиќ како Writer-in-Residence во Сплит

656 bozic mirkoВо рамките на од ТРАДУКИ поддржаната резиденцијална програма „Марко Марулиќ“ во август писателот Мирко Божиќ престојуваше во станот на здружението KУРС во Сплит. Авторот и коосновач на книжевниот фестивал во Мостар Полигон ја искористи оваа прилика за на лице место да се запознае со книжевната и културната сцена.

Печати

Writers in Residence: Драгослава Барзут во Сараево

654 barzut dragoslavaПисателката и активистка за ЛГБТ-заедницата на П.E.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина во август во рамките на резиденцијална програма во Сараево поддржана од ТРАДУКИ четири недели гостуваше во главниот град на Босна и Херцеговина. Својот престој го посвети на нејзината нова збирка раскази и подготовките за новото издание на нејзината дебитантска збирка раскази Zlatni metak.