Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Саем на книга и авторски фестивал вРИсак во Риека

702 vrisakОд 12.-19. мај во Риека по дванаесетти пат се оддржа Саемот на книга и авторскиот фестивал вРИсак. Повеќе од сто автори, критичари, преведувачи, музичари и други уметници од дузина земји се сретнаа во хрватскиот пристанишен град. По дванаесетти пат по ред во рамките на фестивалот беше доделена наградата В.Б.З. за најдобриот необјавен роман, која оваа година отиде во рацете на црногорската авторка Оља Кнежевиќ.

Печати

Reading Balkans: Марија Павловиќ во посета на Скопје

701 pavlovicВо Скопје проектот „Reading Balkans“ оваа година започна со резиденцијалниот престој на писателката Марија Павловиќ од Србија. Времето како стипендистка таа го посвети пред сè на својот докторски труд и на идниот роман под работен наслов „Ризик“. Освен тоа оствари и важни контакти со литературната сцена, а во Струмица учествуваше и на една книжевна манифестација во организација на издавачката куќа Готен. Во разговор со Далибор Плечиќ таму заедно со бугарскиот писател Петер Денчев ја тематизира естетиката на книжевноста и врските во рамките на југоисточната книжевна сцена.

Печати

“Reading Balkans”: Книжевна вечер со Дијана Матковиќ

700 matkovicВеднаш по завршувањето на гостувањето на првиот овогодишен резиденцијален стипендист Даим Мифтари во Сараево допатува словенечката авторка Дијана Матковичќ, за  во рамките на Reading Balkans еден месец да се нурне во босанско-херцеговачката културна и книжевна сцена.

Печати

Книжевни резиденции во Цетиње

698 cetinjeСо поддршка на ТРАДУКИ во 2019 година и други автори и авторки можеа да земат учество на програмата „Книжевна резиденција во Цетиње – писатели во историскиот главен град“.