Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

ЛИХТУНГЕН 146/XXXVII. г./ 2016, фокус: Нова книжевност од Црна Гора

Z15 lichtungen „ЛИХТУНГЕН“ ‒ списание за книжевност, уметност и критика на времето, излегува од 1979 год. во Грац и - фокусирајќи се на различни меѓународни земји и градови во последните години – прерасна во познато списание за книжевност во Австрија, Германија и Југоисточна Европа. Нуди интересна и наизменична мешавина од млада неафирмирана книжевност, меѓународни реномирани автори, млада визуелна уметност и амбициозна есеистика.

Списанието ЛИХТУНГЕН 146/XXXVII. г./ 2016, фокус: Neue Literatur aus Montenegro[Нова книжевност од Црна Гора] (извадок), приредила Јелена Кнежевиќ, излезе во ЛИХТУНГЕН – здружение за книжевност & уметност, Грац.

Печати

Петкова, Красимира

petkova krasimiraКрасимира Петкова, родена 1970 година во Силистра (Бугарија), студирала електротехника и микроелектроника во Софија, каде што живее и работи до 2001 година. Од 2001 година живее во Фирт (Германија) и работи како администратор за мрежи и системи. Во 2006 година Красимира Петкова го објавува првиот превод од германски на бугарски јазик. Оттогаш има преведено повеќе дела, меѓу кои и eine Woche voller Samstage од Паул Маар и Der kleine Ritter Trenk од Керстин Боје.