Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Миневски, Блаже

minevski_blaze
© Biljana Stankovska
Блаже Миневски, роден 1961 год. во Гевгелија, завршил новинарство на универзитетот во Скопје. Тој се вбројува во еден од најпознатите македонски писатели и од 1992 год. е член на Здружението на писателите на Македонија. Покрај новинарски текстови објавува и романи, раскази и драми. За романот „Нишан“ја добива наградата Стале Попов на Здружението на писателите на Македонија за најдобро прозно дело, наградата „Роман на годината“ на дневниот весник „Утрински весник“ и „Тринаесеттоноемвриската награда“ на градот Скопје. Блаже Миневски е застапен во сите македонски антологии на куса проза, коишто во поново време излегоа на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик.