Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Слотердијк, Петер

sloterdijk_peter
© juergen-bauer.com
Петер Слотердијк, роден 1947 год. во Карлсруе, студира филозофија, германистика и историја во Минхен, а докторира 1975 год. во Хамбург со една студија за филозофијата и историјата на модерната автобиографска книжевност. Од 1992 год. е професор на Факултетот за дизајн во Калсруе, а од 2001 год. и нејзин ректор. Од 1989 до 2008 год. беше директор на Институтот за историја на културата на Академијата за визуелни уметности Виена. Петер Слотердијк, меѓу другото, стана познат и со емисијата „Филозофски квартет“ на ЦДФ, којашто ја води заедно со Ридигер Сафрански. Како слободен писател Петер Слотердијк има објавено бројни трудови за прашања од временската дијагностика, филозофија на културата и религијата, теорија на уметноста и психологијата.

Вебстраница