Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Цветкоски, Бранко

cvetkoski_branko
Бранко Цветкоски, роден 1954 год. во Слатино (Македонија), студирал филологија во Скопје. Работел како новинар, уредник и главен уредник на различни списанија и издавачки куќи во Македонија. Бил директор на Националниот театар и е коосновач на книжевната фондација „Балканика“. Моментално е директор на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и е член на ПЕН-Центарот, на Здружнието на писателите на Македонија и почесен член на Здружението на бугарските писатели. Има објавено бројни збирки поезија, критики и есеи и повеќекратно е наградуван. Неговите книги се преведени на повеќе од 15 јазици. Самиот има преведено околу 30-тина книги  од српски, бугарски, хрватски и руски јазик.