Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Цветкоски, Владимир

cvetkovski_vladimir
Владимир Цветкоски, роден 1981 год. во Скопје, студирал англиска фиологија и британски студии, а во 2009 год. се здобил со титулата магистер по филологија на универзитетот во Скопје. Од 2003 до 2006 год. работел како преведувач во фирмата ,,Image PR Productions“. Од 2007 год. е редакциски директор во издавачката куќа ,,Маквеј“, а освен тоа од 2010 год. предава како асистент на Меѓународниот балкански универзитет. Владимир Цветкоски е овенчан есеист и коосновач на книжевното списание ,,Книжевно Житие“. Зборува англиски, бугарски, шпански и српски јазик, а меѓу другото, на македонски јазик има преведено дела од: Чарлс Буковски, Казуо Ишигуро Т.С. Елиот, Жак Дерида, Џон Хатчинс, Леополдо Гарсија-Алас у Урена, Стојан Кристове, Димитри Оболенски, Рудијард Киплинг, Езра Паунд и Ангел Вагенштајн.