Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

СРЕТЕН

ugricic_sreten
© privat
Писател, филозоф, концептуален уметник, библиотекар, астроном. Тој пронаоѓа. Се служи со секакви средства. На пример телепатија. На пример скокотка. Тој растревожува. Не вели да. Неговата субверзија, велат, е лекот. Во секој случај, се вели, дека секој лек е мал отров.

Пишува за жени, за господ, за најголемото добро, за растењето. Пишува за јазикот, за убедувањата и сомнежот, за небото, за простувањето. Пишува за невозможното и елементарното. Пишува за фикцијата и нефикцијата и за нивните заплети, интеракции и антиномии. Пишува за познати и непознати јунаци, за познати и непознати маченици. Пишува за уметноста, којашто никому не му е достапна. Пишува за Србија и за Југославија, и за Балканот, и за Обединетите држави на Европа. Пишува за љубовта и за иронијата. Пишува, за она што мора пишува. Пишува за сè и за ништо.

И кога се повлече да чита, никого не го остава рамнодушен. Читањето е како заљубувањето, тврди: предавство на сè она, во коешто досега сме верувале. Исто така и пишувањето, исто така и мислењето. Да не беа такви мислењето, пишувањето, читањето и вљубувањето, немаше ни да постојат.

Живее во странство. Живот е странство. Уметноста е татковината.