Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Чковриќ Весна

ckovric_vesna
Весна Чковриќ, родена 1975 год. во Осијек (Хрватска), студира германистика на универзитетот во Белград. По завршувањето на студиите работи како преведувачка и толкувачка, а меѓу другото има работено за фондацијата ,,Ханс Зајдел“ и за издавачката куќа ,,Политика. Њуспејперс енд мегазинс“. Освен тоа држи курсеви по германски јазик на различни образовни установи. Весна Чковриќ учествуваше во преводот на книгата ,,Byzantinisches Erotikon“, има преведено два љубовни романи за издавачката куќа ,,Бастај“, повеќе серии за телевизискиот канал ,,Студио Б“, еден прилог за списанието за култура ,,Реч“ и една статија за списанието ,,Криминалистика“ на Вишата школа за криминалистика.